Селекцијата на Перу е вториот патник во полуфиналето на Копа Америка. Во четвртфиналето перуанците со 3-1 ја совлада Боливија.


Херој на перуанците во четвртфиналниот натпревар беше поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Паоло Гереро кој ги постигна трите погодоци. Почесниот гол на Боливија беше дело на Марсело Морено.


Претходно пласман во 1/2 финалето обезбеди селекцијата на Чиле победувајќи го Уругвај со 1-0.

Полуфиналистите на Копа Америка ќе се комплетираат по дуелите Аргентина – Колумбија и Бразил – Парагвај.

Мх.П.