Репрезентацијата домаќин на 12-то издание на Копа Америка, Чиле е првиот патник во финалето. Во 1/2 финалето домаќините со 2-1 беа подобри од Перу.


Полуфиналниот дуел го одбележаа неколкуте судиски грешки кои одеа само во прилог на чилеанските репрезентативци. Во 20-та минута Перу остана со десет фудбалери откако Карлос Замбрано заработи директен црвен картон, а три минути порано Артуро Видал имаше вербален дуел за црвен картон, но судијата не го забележа.

Пред крајот на првиот дел домаќините го отворија резултатот со погодокот на Едуардо Варгас од офсајд позиција. Во 60-та минута судиите поништуваат регуларен погодок за Чиле, а само три минути подоцна Перу го изедначува резултатот.

Варгас со фантастичен погодок втор на мечот за него носи ново водство за Чиле кое го задржаа до крајот и обезбедија пласман во финале после цели 28 години пауза.


Таму ќе се сретнат со победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Аргентина и Парагвај.

Мх.П.