Селекцијата на Уругвај ги прокнижа првите три бодови на табелата во групата Ц совладувајќи го Еквадор со високи 4-0, додека Катар дебитанскиот бод на Копа Америка го освои после ремито со Парагвај 2-2 во групата Б.
Уругвај резултатот го отвори после шест минути игра кога Николас Лодеиро ја погоди мрежата на Еквадор. Во 24-та минута Еквадор остана со играч помалку, откако Хозе Кинтерос доби директен црвен картон. Бројчната предност максимално ја искористи Уругвај кој преку Едисон Кавани и Луис Суарез постигнаа два голови до полувреме за водство 3-0. Конечните 4-0 во второто полувреме ги постави Артуро Мина со авто гол.
Репрезентацијата на Катар го запиша првиот бод во историјата на Копа Америка ремизирајќи со Парагвај 2-2. Катар се врати од 2-0 негатива со головите на Алмоз Ели и Буалем Куки. За Парагвај прецизни беа Оскар Кардозо и Дерлис Гонзалес.
Мечевите на Копа Америка ќе продолжат со дуелите од групата А во кој ќе се сретнат Боливија – Перу односно Бразил – Венецуела.
OhridNews