Селекцијата на Уругвај во групната фаза ќе го заврши учеството на 45-то издание на Копа Америка претрпувајќи пораз и во вториот меч во групите.
Подобра репрезентацијата од уругвајската беше селекцијата на Венецуела која со голот на Саломон Рондон славеше со минимални 1-0.
Незадоволен од одлуката да биде изоставен од стартерите, а подоцна од мечот откако не влезе шоу на клупата имаше Луис Суарез.
Фудбалерот на Барселона проба да го скрши стаклото од клупата, го фрли маркерот, а влезе во конфликт и со стручниот штаб кој го осуди неговиот однос.
Мексико ја забележа втората победа во групната фаза совладувајќи ја селекцијата на Јамајка со 2-0. Чичарито во првиот и Пералта во вториот беа стрелци на головите за мексиканците.
Резултати: Уругвај – Венецуела 0-1, Мексико – Јамајка 2-0.
Табела: Мексико 6, Венецуела 6, Уругвај 0, Јамајка 0.
OhridNews