Македонскиот репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, со својот тим Монтепаски Сиена, го освои купот на Италија. До четвртата последовна титула во ова натпреварување, Монтепаски стигна со убедливата победа од 88:71, во финалниот натпревар против Канту.

Мекејлеб во освојувањето на купот учествуваше со 9 поени, 4 асистенции и 2 скока. Најефикасен во победата на Монтепаски беше Дејвид Андерсен со 23 поени, покрај него уште тројца играчи на Сиена постигнаа двоцифрене број на поени: Кшиштов Лавринович 16, Дејвид Мос 14 и Николаос Зизис 10.

Ветеранот Џанлука Базиле беше единствената светла точка во екипата на Канту, тој постигна 15 поени

“макфакс“
Ohridnews