На скопскиот аеродром „Александар Велики“, денес, во присуство на министерката за култура Елизабета Канческа- Милеска и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, беше промовиран Информативен музејски простор.

 
Основна цел на Информативниот музејски простор, кој е  поставен од страна на Царинската управа, а поддржан од министерството за култура,  и е од привремен карактер, е да овозможи подобрување на информираноста на патниците околу културното богатство на Македонија.

Во рамки на Информативниот музејски простор, Музејот на Македонија изложи 45 копии на оригинални музејски артефакти, меѓу кои и: копии на бронзите од 4 до 2 век пред нашата ера – македонски шлем, Менада, Изида, Артемида, потоа монети од 4 до 3 век пред нашата ера и бронзени монети пронајдени на археолошкиот локалитет Стоби,  теракотни икони – Големата мајка, светилки и други артефакти.

OhridNews