Фудбалерите на Охрид Лихнидос, претрпеа нов пораз во Втората македонска фудбалска лига-запад, откако изгубија од Кораб 2-0 (1-0) во Дебар во третата рунда од шампионатот.

Составот на Охрид, два пати капитулираше во финишот од полувремињата и по трет сезонава останува без бодови. Домаќините пред крајот на првиот дел со голот на Бљерон Муча го отворија резултатот, а во завршницата од мечот ја заверија победата со погодокот на Ујкан Муча.

Со триумфот пред своите гледачи, Кораб, го скрши мразот и ја забележа првата победа во новата сезона, додека охридскиот тим сефте ќе брка следната рунда на домашен терен.

Екипата на Лабуништа заедно со Скопје се нови лидери на табелата. „Црно белите“, пред своите гледачи со минимални 1-0 го совладаа Вардар Форино. Стрелец на погодокот вреден три бода беше охриѓанецот Антонио Каланоски во 8-та минута од натпреварот. Идентичен триумф забележа и Скопје на средбата со Кадино.

Резултати: Пелистер – Дрита 3-1, Кадино – Скопје 0-0, Кораб – Охрид 2-0, Лабуништа – Вардар Форино 1-0, Гостивар – Велазерими 2-0

Табела: Лабуништа 7, Скопје 7, Пелистер 6, Гостивар 6, Дрита 6, Велазерими 4, Кораб 4, Вардар Форино 3, Охрид 0, Кадино 0

Двојки 4.рунда: Дрита – Кадино, Велазерими – Вардар Форино, Скопје – Лабуништа, Охрид – Пелистер, Гостивар – Кораб

OhridNews