Во почетокот на септември, дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ЗРАЦИ – Охрид, ја спроведе својата редовна активност, летување на корисниците на центарот. Оваа година летувањето се одржа во Дојран. Заедно со корисниците беа двете ангажирани лица во дневниот центар.
-Деновите од летувањето беа исполнети со топло време, уживање на плажа, запознавање на градот и околината, ноќни прошетки… За цело време одморот беше исполнет со позитивна енергија и расположение од корисниците.Позитивното влијание врз корисниците, преку нивната активна целодневна вклученост, како и врз ангажираните лица, кои осознаваат битни информации за однесувањето на корисниците надвор од дневниот центар кои се од голема важност во работата за унапредување на нивните вештини за самостојно живеење.-информираат од Дневниот центар.
Трошоците за сместување и храна ги покрија родителите на корисниците, а трошоците за превоз ги обезбеди Општина Охрид.
OhridNews