Македонската ракометна легенда, Стефче Алушески го презеде кормилото во тимот на Еурофарм Работник. „Фармацевтите“ останаа без тренер после поразот од Татабања во Купот на ЕХФ, кога Ѓорѓе Чирковиќ си поднесе оставка.

  • Ја информираме јавноста дека РК ‘Еурофарм Работник’ во реализација на своите зацртани цели, СЕХА-лига за наредна сезона, финале на Куп на Македонија, достојно претставување во преостанатите натпревари од групната фаза на ЕХФ-купот продолжува со нов шеф на стручниот штаб. Тоа е Стевче Алушовски. Во име на клубот го изразуваме нашето огромно задоволство што битолската ракометна легенда седнува на тренерското столче на нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење, искуство, професионалност и посветеност на работата ќе придонесат за остварување на нашите цели и прогресот на нашиот клуб. – се вели во соопштението на „Еурофарм Работник.

Алушески има искуство со водење на битоски клуб предвојќи го тимот на Пелистер. Поради несогласување со управата Алушески го напушти некогашниот шампион во Македонија.

OhridNews