Клупската докторка на Челси, Ева Карнеиро која беше суспендирана од менаџерот Жозе Мурињо одби да се врати во составот и си замина од Стемфрод Бриџ.
Карнеиро од страна на португалскиот стручњак беше суспендирана по мечот со Свонси (2-2) во првата рунда од Премиер лигата.
Според Мурињо таа безпотребно неколку пати влегувала во терен и им помагала на противничките играчи да се одморат и ослободат од притисокот.
Карнеиро ќе го тужи „специјалниот“, а тој се соочува со доплнителна казна или суспензија откако докторската фела се сврти против него во Англија.
Ohridnews











