Лидерот на табелата во Премиер лигата, Арсенал ќе мора да бара друга солуција за нападот откако првата Пјер Ерик Обамејанг ги откачи „топчиите“.
Добитникот на наградата за најдобар фудбалер во Африка децидно се изјаснил дека нема намера да го засили англискиот премиерлигаш.
Арсенал сериозно беше заинтересиран за услугите на напаѓачот на Борусија Дортмунд, а понудата која требаше да биде испратена достигнуваше сума од 35 милиони фунти.
Сепак, Обамејанг во изјавата не негирал дека ќе остане на Сигнал Идуна Парк по завршување на сезонава во која импозатни бројки зад себе.
Со 18 голови Габонецот е најдобар стрелец во Бундес лигата и според статистичките податоци моментално е број еден фудбалер во Европа.
Ohridnews











