Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Маркус Вилијамс, ’паднал’ на антидопинг тестот кој му бил направен по првиот меч од финалната серија во првенството на Србија, против Партизан.

Како што пишува српски Blic Вилијамс најверојатно бил позитивен на марихуана.

Вилијамс првиот меч од финалната серија во плеј офот го завршил со 11 поени и осум асистенции, а Црвена ѕвезда победи со 78:64.

Американецот е еден од најзаслужните за најуспешната сезона во историјата на Црвена ѕвезда, во која клубот освои три трофеи (АБА лига, првенство и Куп на Србија).

Вилијамс со ’црвено-белите’ имаше едногодишен договор и не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

„Макфакс“