Македонските кошаркарски репрезентативци, засилени со кондицискиот тренер, Сандро Бенкардино, во Скопје го одработуваат првиот дел од подготовките за настап на предолимпискиот турнир во Каракас, Венецуела.

Фокусот е насочен кон темпирање и подигнување на издржливоста и формата на играчите. Селекторот Лазовски и неговиот асистент Србиновски во минатите денови се придржуваа кон претходно изработената програма на Бенкардино што се однесува до физичката подготовка на играчите.

На стартот на наредната седмица нашата репрезентација патува за Литванија, каде на 14 и 16 јуни ќе одигра две пријателски средби. Најпрво против Русија во Каунас, а потоа и против домаќинот Литванија во Клаипеда.