Во рамките на 5. коло од Првата лига – мажи, сениорски тим на ГКК Охрид денес гостува во Прилеп на натпревар против екипата на Мега Баскет.
Нашите момци се подготвени да продолжат со силни настапи и да донесат нови бодови во Охрид. Очекуваме борбен и квалитетен меч против екипата на Мега Баскет, велат од клубот.
Натпреварот се игра со почеток во 19:00 часот во салата „Добре Јовановски“ во Прилеп.
OhridNews












