Кошаркарската репрезентација на САД го освои златниот медал на Светското првенство што се одржа во Шпанија. Во финалето, вечерва во Мадрид, американците убедливо ја совладаа Србија со 129:92.
Неизвесност во финалето имаше само во првите пет минути кога Србија имаше и водство од осум поени, но со серија од 15:0 НБА ѕвездите направија пресврт и го добија периодот со 35:21. Втората четвртина американците ја добија со 32:20, третата со 38:26, а последната им припадна на кошаркарите на Србија со 25:24.
За МВП на финалето беше избран репрезентативецот на САД и играч на Кливленд Гајд Ирвинг.
Следното светско првенство ќе се игра за 5 години, со цел да се избегне поклопувањето со фудбалскиот мундијал
OhridNews