Лидерот во првенството Струмица ќе биде противникот на АМАК СП во ¼ финалето од завршницата на  македонскиот куп популарниот „final 8“ кој ќе се игра во Битола во салата Младост од 12 до 15 Април. Победникот од овој дуел за влез во финалето ќе се бори со подобриот од дуелот МЗТ Скопје и Соколи. Турнирот ќе го отворат екпите на Вардар Осигурување и Фени Индустри кои за влез во финалето ке вкрстат со подобриот од дуелот помеѓу бранителот на титулата Работнички Фершпед и „домаќинот“ Пелистер Свислајон.

Во женскиот дел од турнирот четири тима ќе се борат за куп-пехарот. Кошаркарките на Билјана 006 немаа среќа во ждербката каде за противник го добија лидерот Вигор Скопје. Во другото полуфинале силите ќе ги одмерат Изградба Комерц и Водњански Лисици.

Редовното коло од Првата Б лига, на програмата е викендов, а црвено – белите на АМАК СП како домаќини ја пречекуваат Краснаја. 5-то коло во женската лига го носи езерското дерби помеѓу Билјана и Кимико кое се игра во „Билјанини“, сабота во 13 часот.

И покрај настојувањата на ракометната федерација на Македонија, сите суперлигашки екипи да земат учество во куп натпреварувањата кои се играат викендов, имајки ја во предвид тешката финасиска ситуација во која се наоѓа македонскиот ракомет, очекувано следуваа неколку откажувања. По ракометарите на ТК Бренд и Струга и ракометарите на Климент Охридски го откажаа своето учество од ова натпреварување.   

По паузата поради настапот на македонската фудбалска репрезентација, продолжуваат натпреварите во Првата и Втората мак фудбалска лига. Испаднатиот тим на Илинден од Велмеј гостува кај Маџари во Скопје. Караорман кој се наоѓа во опасната зона и до крајот на првенството ќе се бори за опстанок во лигата гостува на второ пласираната Цементарница.

Натпреварите во македонската прва лига продолжуваат со одложеното 22 коло. Марјан Ецкоски ќе биде главен судија на натпреварот од првата лига кој се игра во Кичево  помеѓу екипите на Влазрими и Победа. Ќе му помагаат  Жарко Тодоровски и Лазе Чакарески. Четврти судија е Стефчо Шулески.

М. Постолоски