Кошаркарите на ГКК Охрид славеа во возбудливото езерско дерби против екипата на КК Црн Дрим Струга со резултат 81:74, во рамките на 4. коло од Првата лига – мажи.

Во натпревар исполнет со борбеност, динамика и атрактивни потези, охриѓани покажаа поголема концентрација во финишот и успеаја да го задржат водството до крај.

Домашниот терен во „Билјанини Извори“ уште еднаш се покажа како цврста тврдина за сите противници, велат од ГКК Охрид.

Охрид запиша важна победа во првенствто, додека Црн Дрим ќе бара шанса за поправен впечаток во наредното коло.

OhridNews