Охрид, Јавното претпријатие “Билјанини Извори“ и Кошаркарската федерацијата на Македонија ќе бидат домаќини на Европското првенство во мали земји.


– На европското првенство за мали земји учествуваат осум селекции поделени во две групи. Сите натпреварите ќе се играат во салата “Билјанини Извори“ во Охрид, а делагиците се сместени во Струга. Имаме одлична соработка со сите органи во Охрид и презадоволни сме од условите кои ни ги овозможи ЈП “Билјанини Извори“.  Европското првенство ќе помине под будното око на вториот човек од ФИБА, Џон Алвез. Кое се надевам дека ќе помине во најдобар ред и ако репрезентативките остварат добар резултат, да сме домаќини на ЕП во сениорки од двете дивизии – истакна координатор на ЕП, Јане Петкоски.


Македонија предводена од капитенот Моника Гаврилоска, првенството го отвора против Гибралтар. Во второто коло “црвено жолтите“ ќе се сретнат со Австрија, а натпреварувањето го завршува со Велс. Првопласираните две репрезентации од секоја група, во сабота вкрстуваат во полуфинале, пред неделното финале.

– Првенството го отвараме против Гибралтар, селекција која треба да ја добиеме. Потоа ни следува дербито во групата со Австрија, а групната фаза ја завршуваме со Велс. Од другата група Молдавија и Малта ги гледам како најсериозни кандидати за нокаут фазата. Ние сме подготвени да одговориме на задачите. Репрезентацијата е спој на младост и искуство. Неколку години наназад Македонија беше домаќин на вакви натпреварувања, и треба да докажеме дека кај нас се работи во женската кошарка – потенцираше капитенот Моника Гаврилоска.


Соработката на ЈП Билјанини Извори и КФМ трае веќе неколку години, до сега сме биле сведоци на неколку вакти турнири од меѓународен карактер.

– Јавното претпријатие “Билјанини Извори“ и Кошаркаската федерација на Македонија ја продолжуваат сработката овој пат со ораганизарање на европското првенство во мали земји. Убедени сме дека репрезентативките ќе имаат незаборавни моменти во Охрид. Сите туристи  и жители на Охрид ги покануваме да дојдат да ја бодрат Македонија – рече Иван Цветкоски.

Влезот во салата за Европското првенство за мали земји е слободен.

Мх.П.