Репрезентативното лево крило Дејан Манасков постигна неверојатни 17 голови во победата на Вардар над Макс Струмица (42-27) во 12-та рунда од регионалната СЕХА лига.


Доброто отворање на мечот им донесе предност на „црвено црните“ во првите десет минути. На полувремето „вардарци“ заминаа со плус пет (20-15).

Избраниците на Раул Гонзалес продолжија во исти ритам во вториот дел, а струмичките ракометари не го издржаа темпото и на крајот претрпе убедлив пораз од 15 голови разлика.

Манасков со 17 голови беше најпрецизен, а по него следуваа Душебаев и Циндриќ со по шест голови.

Седмата победа во десеттиот меч во СЕХА лигата го искачи македонскиот првак на третата позиција на табелата.

Ohridnews