Со крајно не очекувана ситуација се соочи Арсенал пред да замине на подготовки во Соединетите американски држави (САД), откако капитенот Лоран Кошчиелни одби да отпатува со екипата. Французинот покажа не послушност со која ги разочара симпатизерите, а клубот со кратко соопштение со обрати до јавноста.

  • Многу сме разочарани од односот на Кошчиелни. Се надеваме дека овој проблем брзо ќе биде решен. До тогаш нема да коментираме ништо поврзано со Кошчиелни. – се вели во соопштението од клубот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Кошчиелни бил разочаран од клубот, бидејќи се уште не му понудил нов договор. Затоа, 33-годишниот фудбалер кој има уште една сезона до важечкиот договор посакуа трансфер во друг клуб, каде ќе ја заврши кариерата.

Репрезентативецот на Франција во Арсенал се пресели во 2010 година од тимот на Лориент. Претходно, дефанзивецот настапуваше за Турс и Гингамп.

OhridNews