Натпреварот меѓу Бразил и Колумбија (0-1) во групната фаза имаше непосакувани сцени по завршувањето откако играчите на двете селекции се туркаа и удираа.


Тензичниот крај го исценира бразилскиот ас Нејмар, кој со топка по последниот судиски свиреж удри колумбиски репрезентативец. Во мешаницата и Карлос Бака одигра своја улога туркајќи го Нејмар.

По смирување на страстите двајцата фудбалери добија директни црвени картони по што ги очекува пауза од минимум два натпревари.


Што се однесува до мечот Колумбија трите бодови ги осигура во првиот дел со погодокот на Џејсон Муриљо.

Втората рунда во Ц групата ќе се комплетира со натпреварот меѓу Венецуела и Перу.

Мх.П.