Капитенот на фудбалската селекција на Косово, Амир Рахмани кој е соиграч на Елиф Елмас во Наполи е позитивен на коронавирус.

Kосовската Федерација објави дека и напаѓачот Ведат Муричи (поради неизлечена повреда) нема да биде на списокот на фудбалери кои во четврток на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе и се спротивстават на Македонија во полуфиналниот бараж дуел од Лигата на нации.

Од претходно е познато дека на мечот со нашата селекција Косово ќе биде и без Милот Рашица, играчот на Вердер кој е задолжен за креација на нападите.

Тројцата клучни играчи во таборот на Косово нема да бидат дел од дуелот во главниот град со што се олеснува работата за Пандев и другарите да обезбедат влез во бараж финалето и да се доближат на еден чекор до пласман на ЕП.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово во Лигата на нациите е в четврток од 20:45 часот.