Во прва официјална посета, утре, во Македонија ќе дојде претседателот на косовската влада, Рамуш Харадинај. Според најавите, Харадинај ќе оствари средба со македонскиот премиер Зоран Заев. Тема на разговорите ќе бидат односите меѓу двете земји, а ќе се договори и датумот за одржување на заедничката седница помеѓу владите на двете земји.

Утре во Македонија се очекува и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, која ќе се обрати во македонското Собрание во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.

OhridNews