На каналот Студенчишта, во организација на СРК „Рибарска Вистина“ се одржа прво коло од прва професионална зимска меѓународна лига „ Охрид 2011“ во дисциплината „Лов риба со јадица на пливка“ за сениори.

Невозможноста натпреварот да се одржи на брегот од каналот Студенчица  поради недозволата од страна на „Центарот за обука на вода“ на АРМ  го преполови бројот на екипи.


Без објаснување не ни е дозволено да го користиме тој простор, оваа страна на брегот е преполна со бродови и кајчиња, претесна е да ги прими сите натпреварувачи и нема доволно слободен простор  за одржување на натпревар за 12 екипи – велат домаќинте на натпреварот “СРК Св.Апостол Петар“.

Натпреварувачите беа изненадени дека на балканските  простори постои риболовна вода на која во зимски период може да се одржи натпревар со улов од  над 4 килограми риба  по натпреварувач за три часа.

 – Сме учествувале на многу натпревари каде сите 50 натпреварувачи заедно немале уловено три килограми риба  за три часа, велат натпреварувачите од другите градови.

Тие предлагаат Зимската меѓународна лига да се одржи во 5 кола и на неа да учествуваат околи 20. екипи, и да се одржува секоја година затоа што е единствена зимска лига во спортски риболов на европските простори.


На првото коло постигнати се следните резултати:
Екипно :
1.    КСР „Фан“ од Приштина со уловени 10490 грама и освоени 6 бода
2.    ЗСР „Бабуна“ од Велес со уловени 8270 грама и освоени 5 бода
3.    СРК „Барбус Фиш“ од Битола со уловени 6750 грама и освоени 4 бода
4.    СРК „Пец Пец“ од Прилеп со уловени 6820 грама и освоени 3 бода
5.    СРК „ Св.Апостол Петар “ од Охрид  со уловени 6650 грама и освоени 2 бода
6.    СРК „ Мак Дам “ од Куманово со уловени 5440 грама и освоен 1 бод

Поединечно први три места:
1.    Ветон Драга со освоени 18 бода од КСР „ Фан“ Приштина
2.    Јетон Мулоли со освоени 17 бода од КСР „ Фан“ Приштина
3.    Изјах Черкини со освоени 16 бода сод КСР „ Фан“ Приштина

Второто коло ќе се одржи на 20 март 2011 година на истата патека.

Најдобро пласиран натпреварувач од Охрид е Душко Крстески  со освоени 11 бода и се наѓа на  11 место.

Ohridnews