Коста Карадимче е избран за нов претседател на охридскиот Сојуз на Спортови. Карадимче во тесна трка со 32-28 ја доби довербата на гласачите пред Милчо Стефаноски.


Избран беше и нов Управен Одбор во кој влегоа : Весна Балазоска, Димче Попоски, Радован Димитрески, Менсур Рифат, Влатко Димитров, Цветко Чолески, Васви Доко и Олег Маленко.


Новиот надзорен одбор го сочинуваат Тодор Ропче, Димче Мајкоски и Гоце Митрески.


Новиот претседател се заблагодари на изборот и порача оти вратите на сојузот ќе бидат отворени за сите љубители на спортот.


– Се надевам дека наредните четири години ќе бидат поуспешни од изминатите за охридскиот спорт. Сите оние кои не влегоа во телата на сојузот ги повикувам да дојдат и да бидат дел од работните комисии кои ќе се формираат во рамките на Сојузот и заедно да го направиме сојузот да го сплоти спортот во Охрид. – рече Карадимче во неговиот поздравен говор.

На седницата присуствуваа 60 делегати од 30 спортски клуба кои функционираат во Охрид.

М.Постоловски