Коста Трифуноски е назначен за спортски директор на младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос.

Младинските категории моментално се наоѓаат на втората позиција во втората лига, која ги враќа во суперлигашкото друштво.

Ние како клуб непречено работиме со цел да оствариме подобри услови за младинските категории, информира ГФК Охрид.

Во младинските погони на ГФК Охрид  тренираат околу 70 деца поделени во четири категории со кои работат пет тренери.

Г.М.