На иницијатива на компанијата „Костал“, со поддршка на општина Охрид и ЈП „Охридски комуналец“, утрово се реализираше акција за расчистување на јавните површини од паркингот кај Горица 3 до плажата „Куба Либре“, односно делот околу пешачката патека кај каналот „Студенчишта“. Во акцијата се приклучи и ја поддржа градоначалникот на Охрид Стојаноски.
Во еколошката акција учествуваа околу 80 вработени на „Костал“, додека останатите беа на своите работни места, бидејќи во фабриката денеска е производствен ден, информираа од компанијата.
„Костал“, „Комуналец“ и општината во акција за чистење на крајбрежјето
Собрани беа поголеми количини најразличен цврст отпад кој соодветно е одложен. Како што најавија организаторите, ќе следат уште неколку еко-акции за расчистување на останатите делови на крајбрежјето со цел да се подигне јавната свест за одржување на чистотата.
OhridNews















