Очигледно на опозицијата ù сметаат сите развојни елементи и дејствија што се преземаат во градинката, која изминатите 10-тина години беше без една закована шајка, вели директорката на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, Розе Костеска, како одговор на обвинувањата изнесени на денешната прес конференција на општинската СДСМ.
– Во изминатата година и половина обезбедени се соодветна стручна литература, дидактички материјали и средства, соодветен стручен кадар кој е лиценциран, променета е дограмата во три објекти, ставени се клима-уреди скоро во сите занимални, отворени се три нови групи во други просторни услови, реконструирани се дел од објектите и прибавени се имотни листови за сите објекти, вели Костеска.
Што се однесува до начинот на плаќање на обврските, таа објаснува дека родителите потпишуваат Договор со градинката при аплицирањето, со кое се обврзуваат да го почитуваат истиот, во кој е наведено дека фактура се доставува на почетокот на месецот со обврска за плаќање во рок од 15 дена по приемот, за што треба да се достави доказ за платена услуга кај воспитно згрижувачкиот тим заради евиденција и дека по наведениот рок се пресметува камата согласно прописите.
Во врска со тврдењето дека списоци се објавувале на влезните врати, Костеска вели дека тоа не е точно и објаснува дека индивидуално, секој родител поединечно се потсетува на обврската, водејќи сметка за дискрецијата.
– Што се однесува до користењето на прирачната литература, во Законот за заштита на деца, стои дека „Во установа за деца се употребуваат прирачници како воспитно-образовни материјали за реализација на активностите од страна на згрижувачко воспитниот кадар, како и детски списанија кои се во функција на истите активности. Припадниците на заедниците кои воспитно-образовните активности ги изведуваат на јазикот на припадниците на другите заедници, употребуваат прирачници и детски списанија на јазикот на соодветната заедница. Решение за одобрување и употреба на прирачниците и детските списанија донесува министерот, по претходно мислење на Педагошката служба, потенцира директорката на градинката“.
Костеска додава дека во интерес на децата, сите директори соработуваат со некоја од издавачките куќи, со цел да се придонесе со своето знаење и искуство да се збогати фондот и квалитетот на литературата за деца од предучилишна возраст според Програмата за рано учење и развој.
OhridNews


.jpg)









