ЈП „Градски гробишта“ е јавно претпријатие кое стопанисува со градските гробишта во Oхрид и покрај другите приходи кое ги има ова јавно претпријатие едни од најважните по сума се приходите од продажба на гробни места, приходи од годишна гробарина и приходи од надворешни услуги (работа за општина). Во секој случај кој сака да добро менаџира со ова јавно претпријатие мора да обрати внимание на овие ставки, реагира на вчерашната прес- конференција на ВМРО ДПМНЕ, поранешнито директор на ЈП и сегашен советник во Општина Охрид, Ванчо Костоски.

Во посочениот случај точно е дека се продадени гробни места по цени согласност ценовникот на ЈП (а незнам како поинаку) на правен субјект и истите се платени до денар и средствата се легнати на сметка на ова ЈП и претпријатието има корист од таа продажба, а гробните места после продажба се сопственост на купувачот и тој располага со нив. Средствата од горе наведените ставки се употртебени за враќање на долгот на ова ЈП кое го затекнав во износ од некаде 7 500 000 денари, прво јавно претпријатие кое ја одблокира својата сметка и работше 4 години со добивка, зголемување на платите на вработените како резултат на продуктивно работење во висина од 35% кај администрација и околу 65% кај работниците без денар субвенции од Општина и најважно без гледање на партиска припадност што денес е незамисливо, потенцира Костоски.

Додава дека овде влегува и изградба на фотоволтаична централа која работи со профит и веќе за 2 години е исплатена сама по себе(само од продажба на ел. енергија има профит од 5000 еур за 2 години), но и дека прв пат има намалување на цена за користење на комора од 60 на 45 ден како резултат на заштеда на електрична енергија за разлика од денес кога сите цени се зголемени во висина од некаде 65 %.

Ги потенцира и изградбата на систем за греење на пелети со што се заштеди во трошоци за греење, отстранување на земја и шут околу 4000 км3 со спонзорства (заштеда околу 15 000 еур), најниски цени на тендери во историјата на ова ЈП ( заштеда околу 70 000 еур за 4 години), набавка на транспортно возило форд (без пари), набавка на транспортно возило комби oд Aгенција за запленет имот (донација).

Во ноември 2021 година кога си заминав од ова ЈП на жиро сметка оставив скоро 1 000 000 ден, а побарувањата кон локалната самоуправа беа околу 2.300 000 ден или се заедно околу 3,300 000 ден или околу 2 плати. Ова се постигнува само со посветена и чесна работа и никако поинаку. По однос на посочениот член кој беше наведен можам само да кажам дека и години пред мене и во периодот кога јас бев на чело на ова ЈП, а и периодот после мене се продаваа гробни места без при тоа да има смртен случај. Последната таква продажба беше во текот на вчерашниот ден, додава Костоски.

OhridNews