На отварањето на вториот круг охридските “бели“ ја пречекуваат Ренова која на последните две гостувања успеа да замине непоразена, против 11 Октомври (3-0 прекин) и Напредок 1-1. За мечот во Охрид, гипсарите се комплетни и желни да ја прекинат позитивната низа на “рибарите“.


– Знаеме дека не чека тежок натпревар со екипа која посебно квалитетно игра на свој терен. Сериозно се подготвувавме за овој дуел, добро е анализирана играта на Охрид. Го цениме охридскиот тим но мислам дека имаме сили да ја прекинеме нивната добра серија“ – вели шефот на стручниот штаб на „гипсарите“, Влатко Костов.

На првиот натпревар сезонава Ренова го доби со 2-0, благодарение на головите на Бобан Јанчевски.

ohridnews