Екипата на Ренова со високи 7-1 го совлада Охрид на “Атина Бојаџи“ и го испрати во Втората лига. Тренерот на “гипасарите“ Влатко Костов им посака на охриѓани што побрзо враќање во прволигашкото друштво.


– Жалам за ова што му се случи на охридскиот лигаш,но
вината за испаѓањето треба да ја побараат во сопствените редови. Не очекувавме
вака високо да го совладаме домаќинот, кому му посакувам што побрзо консолидирање
и враќање во елитата. Ние дојдовме да ја одбраниме честа и оваа победа и
успехот во сезонава му го посветуваме на нашите сопственици – истакна Костов.

М.П.