Косуке доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати на клубот

Дваесет и пет годишниот јапонски репрезентативец доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше перфектни настапи за екипата на РК Вардар 1961 пред 2 сезони. Игра на позицијата среден бек.

Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација. – изјави Косуке.

Топло добредојде на Косуке му приредија најверните навивачи на Охрид кои денеска со факели и песна ги поздравија играчите на Охрид по големата победа над Еурофарм Пелистер во Битола.

OhridNews