Дарија Данд, дипломец на познатиот технички факултет MIT, минатата година толку се напил на студентска забава што седум часа подоцна се разбудил на Брза помош не сеќавајќи се на ништо. Ова искуство го навело да измисли дигитални коцки кои мерат колку сте испиле и кога е време пријателите да ве одведат дома. Наместо после тешкото пијанство да се одлучи да престане да пие, Данд се одлучил за необичен изум.
Дигиталните коцки се направени од желатин, а содржат инфрацрвен испраќач на сигнал, акцелометри и LED светла кои ја менуваат бојата од зелена, преку жолта до црвена, во зависност од тоа колку брзо пиете и колку сте испиле. Акцелометрите ги мерат голтките на сонова на кои со 80 проценти точност се мери количината алкохол во крвта. Доколу лицето продолжи да пие и откако коцките ќе станат црвени, тие ќе испратат СМС порака до пријателите на тоа лице нагласувајќи дека треба да го одведат дома.