Амбициите на хрватите пред почетокот на Мундијалот во Бразил беа високи, но елиминацијата во групната фаза ги разочара сите, а најмногу селекторот Нико Ковач.

– Им честитам на мексиканците за победата. Тие на теренот покажаа дека се подобра екипа. Ни дадоа два погодоци од прекини нешто што ние сакавме да им го направиме на овој натпревар – потенцираше Ковач.

Според селекторот самиот пласман на завршницата на Светското првенство во Бразил е успех за поздрав.

– Групата беше тешка, а ние шанса за пласман понатаму имавме до последните мигови. Тука завршува приказната за Бразил и сега ни преостанува да ги анализираме нашите игри и да ги поправиме сите недостатоци – додаде селекторот.

Мх.П.