Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ го „откачи“ Ливерпул и одлучи кариерата да ја продолжи во Интер. Ковачиќ во Серија А пристигна од Динамо Загреб 2013 година за трансфер 15 милиони евра.
– Сакам да останам овде и не одам никаде. Врската и љубовта меѓу мене и Интер голема. И што е најважно во целата оваа ситуација што клубот никогаш не се изјасна за моја продажба. – рече Ковачиќ.
Хрватот беше голема желба на Брендан Роџерс, но по последните изјави менаџерот на „црвените“ ќе мора да бара друга солуција за организиратор на игра.
Во игра последните неколку дена се приклучи и Баер Леверкузен затоа и стигна демантот од Ковачиќ за заминување од Милано.
Ohridnews