Хрватскиот репрезентативец Маето Ковачиќ постигна спектакуларен погодок во ремито 2-2 меѓу Интер и Лацио на „Џузепе Меаца“.


Тој надвор од казнетиот простор со во леј удар ја погоди мрежата на лацијалите и го врати Интер во живот откако имаше негатива 0-2. Подоцна со погодокот на Родриго Паласио „неро-азурите“ стигнаа до реми.


– Го постигнав голот на мојот живот, но разочаран сум што екипата на успеа да победи на крајот. Со новиот стратег на клупата напредуваме од натпревар во натпревар и веруваме дека ќе израдуваме нашите навивачи – рече Хрватот.

Воодушевен од погодокот, кој го одбележа 16-то коло во Серија А беше и тренерот на Лацио, Стефано Пиоли. – Неговиот погодок го сврти натпреварот. До тогаш имавме целосна контрола на играта и одлично беа затворени сите приоди до нашиот погодок. Такви погодоци секогаш делуваат мотивирачки на екипата.

Мх.П.