По денешната средба во Скопје на министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, шефовит ена дипломатија на двете земји Никос Коѕиас и Никола Димитров со оптимистички изјави околу решавање на спорот. Потпишан е меморандум за соработка меѓу Дипломатските академии, а се разговараше и за енергетските проекти, за безбедноста.

Како што изјави грчкиот министер Коѕиас, Грција го поддржува суверенитетот на Република Македонија. „Грција ја поддржува и продолжува да ја поддржува со сите свои сили, стабилноста и суверенитетот на оваа пријателска северна земја. Вашата стабилност ја храни нашата стабилност. Нашиот развој го храни вашиот развој. Инвестициите и трговијата можеме и понатаму да ги развиваме“, изјави Коѕиас.

Димитров информира околу текот на разговорите што се однесуваат на спорот со името. „Разговаравме за процесот, за тоа како ќе се одвива процесот, за методот, за модалитетите, меѓутоа, разговаравме и за тоа што се точно интересите и грижите на двете страни по ова прашање, со цел да има поголемо разбирање во однос на тоа како едната страна го перцепира проблемот, а како другата страна го перцепира. Мислам дека тоа беше важно“- нагласи министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Двајцата министри разговарале за и мерките за градење доверба, за унапредување на односите во делот на полициската соработка и безбедноста.

OhridNews