Домаќинот на Копа Америка, Чиле и Мексико ги поделија бодовите во крајно неизвесен и возбудлив натпревар, кој заврши без победник 3-3.


Гостите во два наврати имаа предност, но домаќините успеаваа да се вратат во игра. Водството еднаш беше и во рацете на домаќините, а мексиканците се изборија за реми.


Мексико со два бодови се наоѓа на третата позиција во групата додека Чиле со четири го води орото.

Во последната одлучувачка рунда ќе се сретната Чиле – Боливија односно Мексико – Еквадор.

Мх.П.