Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од Скопје и 28-годишен жител на Неготино. Кривичната пријава против првопријавениот е дополнета и за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, бидејќи изготвил лажна лична карта со цел да го прикрие својот идентиет.

Пријавените, кражбите ги извршиле во периодот од 30 август до 15 септември 2019 година, во повеќе маркети лоцирани на улиците „7 ноември“, „15 корпус“, „Гоце Делчев“, „Абас Емин“, „Даме Груев“ во Охрид, каде, влегувале користејќи подесен алат и физичка сила, информира СВР Охрид.

OhridNews