Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 45 -годишен жител на Охрид.

 

Тој, на 19 и 20.01.2020 година, со употреба на подесен алат и физичка сила ги отворал влезните врати и насилно влегувал во ресторани, маркети, битици и други деловни објекти лоцирани на улиците „Св.Климент Охридски“, „Лазо Трпоски“, „Никола Карев“, „Јане Сандански“ и булеварот „Туристичка“. Притоа одземал пари со што се стекнал со противправна имотна корист, информира СВР Охрид.

OhridNews