Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две жени од Пловдив-Бугарија, на возраст од 20 и 27 години.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавените, казнените дела ги сториле на 16 и 17 август оваа година, кога во позната продавница за облека во Охрид, на дрзок начин одзеле 2 паричници од две лица, македонски државјанки во кои имало пари и лични документи.
– Притоа, искористувајќи ги документите сопственост на лице од Охрид, пријавените од негова банкарска сметка повлекле 24.000 денари. На 17 август, пријавените на идентичен начин извршиле тешка кражба во бутик на улицата „Св.Климент Охридски” кога на дрзок начин одзеле паричникот од жителка на Охрид, информира Димоски.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 46.600 денари.
OhridNews












