Откако на три пати било жртва на тешки кражби, семејство од Пештани поставило лажна мамка и успеало да го сними крадецот кој пред неколку дена повторно влегол во нивниот дом.

Благодарение на снимениот материјал крадецот е идентификуван и посочен на полицијата.

Според семејството, се работи за 29-годишен познат прекршител на законот од Пештани, кој се надеваат дека соодветно ќе биде санкциониран за извршените кривични дела.

OhridNews