
Крадецот кој со својот изглед потсетува на Садам Хусеин „оперира“ на подрачјето на Анкона. Полицијата објави снимки на средовечен маж кој во преполната продавница се наведнува над продавачката, нешто и зборува , а се завршува така што продавачката му ги дава парите од касата , а тој од продавницата излегува насмеан со 8000 евра во џеб.
Тоа е само една во низата кражби кои ги извршил крадецот хипнотизер, а ниту една негова жртва не се сеќава на кражбата. Последно на што се сеќаваат е неговата молба да го погледнат во очи.
Полицијата засега не постигнува значаен напредок во истрагата, а по објавата на снимката на грабежот, за помош во препознавањето им се обратиле и на граѓаните.
ohridnews











