Вработени на агенцијата за обезбедување „Питон“ на 3-ти јули рано утрото околу 5 часот при обиколка затекнале лице од Охрид како краде цвеќе од Холандскиот парк. Случајот службата го евидентирала и го проследила до надлежните институции на натамошно постапување. Од јавното комунално претпријатие се револтирани од несовесниот однос на поедини граѓани, дотолку повеќе што не е прв пат да се краде и уништува засаденото зеленило кое треба да служи за разубавување на градот.


Денски се сади, ноќе се краде

– Уредувањето на зелените површини во градот е активност која во голем уддел е застапена во Програмата за работа за 2011 год. на Ј.П.”Охридски Комуналец”. Создавањето на зелени модерни катчиња со сезонски и украсни садници, како и пропратни инфраструктурни елементи е наша визија и реалност, катчиња во кои уживаат како нашите сограѓани така и туристите.
Но секојдневно сме затекнати со проблеми кои потекнуваат од девијантното однесување на поединци кои ги крадат садниците, оштетуваат и кршат гранките и другите парковски елементи, велат од „Охридски Комуналец“.

OhridNews