Во периодот од 24-ти до 27-ми овој месец, во црквата Воведение на пресвета Богородица, Св.Пречиста во кичевско, извршена е тешка кражба при што одземени се вкупно 6 вредни икони и 4000 денари, соопшти СВР Охрид.

Засега непознат сторител насилно влегол во црквата од споредната врата, извршил пребарување во внатрешноста по што ги одзел иконите и парите.

На лице место извршен е увид, а полицијата работи на расветлување на случајот.

OhridNews