Крадци опремени со јажиња, чекани и длета, успеале да провалат во сигурносната соба на градскиот фудбалски стадион во Јоханесбург и да однесат околу 330 илјади долари во кеш, јавиле локалните медиуми и полицијата. кражбата на стадионот, на кој во 2010 година било одржано светското фудбалско првенство, била објавена по концертот на канадскиот пејач Џастин Бибер, но исчезнувањето на парите било забележано дури следниот ден.

Покрај парите од продажбата на билетите за концертот, крадците го однеле и приходот од концертот на Бон Џови кој бил одржан еден ден претходно. Еден полицаец кој сакал да остане анонимен рекол дека не знаат колку лица учествувале во кражбата, бидејќи не завршиле со увидот. Портпаролката на полицијата навела дека крадците влегле од покривот на стадионот.