– Разбојништвото го извршиле на тој начин што едното лице влегло во
банката и застанало пред благајната, го вперило пиштолот кон
вработените, потоа скокнало преку пултот и ги одзело две метални каси кои
биле оставени под пултот, по што го напуштило лице местото заедно со
второто лице, кое стоело на влезната врата. Но, украдените метални каси, како што информираат надлежните биле празни и неупотребени.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Струга и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите.