Капаците од металните шахти се честа мета на крадците, кои ги препродаваат за старо железо. Овој проблем најмногу ги засега пешаците, бидејќи во вечерните часови тешко можат да се забележат отворите.
Во март минатата година беше донесена одлука за забрана на вршење внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на прозиводи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг, а пред неколку недели беа дадени 18 дозволи за трговија и 63 за вршење дејности, односно се прилагодени отпади со новите правила.
Иако неодамна Министерот за животна средина и просторно планирање, Абулаќим Адеми, истакна дека кражбите на предмети од железо, бакар и остатови на производи од друг метал се намалени, на терен очигледно кражбите на метални шахти продолжува.
О.Т.