Сер Алекс Фергусон се пензионираше. Шок за навивачите на “Јунaјтед“, но олеснување за “контрашите“. Ферги беше 18-от менаџер во клубот од “црвениот“ дел од Манчестер, и неговото владеење траеше 26 години. Во тие 26 години тој ги наполни витрните на еден од најбогатите клубови во светот. A, зошто би останал 26 години доклу него го полнел “регалот“ со трофеи.


Трофеите не се единственото нешто поради кое дојдов во Манчестер. Сакав клубот да го направам да биде најдоминатен во Англија. – рече Фергусон.

Во моментот при доаѓањето во Манчестер билансот беше 18-7 во корист на Ливерпул. По 26 години тој е 20-18.
Веројатно никој не може да ги оспори квалитете на шкотланѓанецот кој “црвените ѓаволи“ ги вивна во височините, беше трансфер “гуру “правејќи го невозможното возможно.
Сите се сеќаваат на егзилот на Пол Инс,Стив Брус, Јап Стам, Рој Кин, Руд Ван Нистелрој како и најголемиот на оваа листа Дејвид Бекам.  Но тој, сер Алекс Фергусон е единствениот кој ги надмина сите овие имиња. Денес и покрај сите случувања сите тие во суперлативи говорат за неповторливиот “Сер“.


Долго траеше ерата на Фергусон, некои велат дека се повлекол бидејќи му здодаело да победува, а 71 годишниот “фудбалски експерт“ во себе познат стил го одбра најдобриот начин да се повлече. На својот дом, “Олд Трафорд“ со трофеј во рацете.
И покрај силните милиони и армадата навивачи која ја има(ше) Манчестер Јунајтед,  Фергусон не успеа да ја покори фудбалска Европа. Во 26 години тоа му успеа само два пати. Но и двата наврати беа “ѓаволски добри“.
Барселона 1999 година. Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен 2-1. 90 минута, а Баерн има предност од 1-0. Но тука не е крајот во судиското надополнување “резервисите“ го победуваат Баерн, а светот е во неверувања како германците го загубија мечот.


Москва 2008. Манчестер Јунајтед – Челси 1-1 (6-5 пенали). 5-та серија. Челси има предност од 3-2. Капитенот на Челси, Џон Тери ја превзема одговорноста. Но среќата му го врти грбот, се лизга и неговиот удар завршува во гредата. Ферги преживеаа. Другото е историја.
Фергусон ги надживеа сите, тој е единствениот во оваа модерна ера кој успеаа да одолее на се` и сешто. Еволуцијата на фудбалската игра, промената на правилата, враќање на топката кон голманот, активен – пасивен офсајд,  четврти судија, шест судии. Интернет, фејсбук, твитер,ју тјуб.

Човекот кој ги освои срцата на милионите навивачи на Манчестер Јунајтед само уште два пати ќе седи на “жешката клупа“.

На неговото место доаѓа “друго дете“. Нов шкот. Дејвид Мојс. Доаѓа по препорака на најтрофејниот.


Мојс ќе има “ѓаволски“ тешка работа. Пред него е исправен огромен предизивик. Да го наследи големиот големиот Ферги и да ја продолжи победничката жетва на “бебињата“.

11 – те години на клупата на Евертон се гаранција дека ја познава Премиерлигата. Но знае ли да се справи со соблекувалната во Манчестер? Ќе биде ли доволно умешен на трансфер пазарот? Ќе знае ли да го повлече вистинскиот потег? Ќе има ли среќа во продолженијата, во популарните “Ферги минути“? Како понатаму без “фенот на Ферги“? Навивачите на Мен Ју, шест години чекаа на првата титула во Премиер во “Ферги ерата“, ќе чекаат ли сега толку долго? Ќе имаат ли нерви да го чекаат Моес да созрее?

Ова се само мал дел од прашања со кои се отвара новата ера во Манчестер Јунајтед.

Ќе биде тоа битка Давид против Голијат.

М.П.