По трите победи во серија Охрид Лоте претпре минимален пораз од лидерот Тиквеш со 2-1. Охриѓани ги “здрвија“ гостите откако во 29 минута Речкоски погоди за водстово од 1-0, резултат со кој се замина на одмор.


На стартот на вториот дел Стојаноски изедначи на 1-1, додека во 74 минута Пановски се погрижи за комплетен пресврт.

Во шампионатот следува две неделна пауза, по што Охрид Лоте на домашен терен го пречекува Осогово.

М.П.